РОКОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО ПРОДОЛЖЕН ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ

    РОКОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО ПРОДОЛЖЕН ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИНовиот рок за завршување на работите е 30 ноември 2023 (Фото: СДК.МК)

    Наместо до 30 мај, регионалниот пат Велес-Градско ќе се работи до 30 ноември, објавија од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Градежните работи што ги изведуваат „Хидрострој“ и „Ескаватори“ почнаа на 30 август лани, а рокот за изведба беше девет месеци.

    За овој период, изведувачите не можеле да ги реконструираат предвидените 22 километри пат. Причината за тоа биле непредвидени работи кои се појавиле при градежните активности.

    „Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница, рокот за завршување на работите е продолжен за шест месеци или до 30 ноември 2023. Асфалтирани се 12 километри прв и шест километри втор, завршен слој“, информираа од ЈПДП.

    Поради високите температури, изведувачот работел во периодот од 7 до 11 часот. Останува да се асфалтираат уште 10 км со прв и 16 км со втор слој. Вредноста на работите е 347 милиони денари, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира