ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕР ВО АЛПИТЕ ГО ОТКРИ ТЕЛОТО НА ГЕРМАНСКИ ПЛАНИНАР КОЈ ИСЧЕЗНА ВО 1986

    ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕР ВО АЛПИТЕ ГО ОТКРИ ТЕЛОТО НА ГЕРМАНСКИ ПЛАНИНАР КОЈ ИСЧЕЗНА ВО 1986Телото беше пронајдено овој месец од планинари кои го поминувале глечерот Теодул

    Топењето на глечер близу познатиот швајцарски врв Матерхорн откри човечки остатоци, за кои е потврдено дека му припаѓаат на германски планинар кој се водеше како исчезнат од 1986 година. Ова е последното во низата откритија кои произлегуваат од топењето на алпските глечери како резултат на климатските промени.

    Телото беше пронајдено овој месец од планинари кои го поминувале глечерот Теодул над Цермат. Тие забележале планинарска кондура и крампони како излегуваат од мразот.

    Со ДНК анализа телото било идентификувано како германски планинар кој исчезнал пред 37 години. Во тоа време била спроведена голема потрага по него, но ништо не било пронајдено. Полицијата не го именуваше планинарот, туку само кажа дека имал 38 години кога исчезнал.

    Теодул, како и други глечери на Алпите, покажува знаци на повлекување во изминатите години. До 1980-ите, Теодул беше поврзан со соседниот глечер Горнер, но сега се разделени.

    Речиси секое лето, топењето на мразот открива повеќедецениски тајни. Минатото лето се појавија остатоци на авион кој се урна во 1968 година, а претходно беа откриени телата на британскиот планинар Џонатан Конвил и на двајца Јапонци, кои беа исчезнати со децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира