Лидерката на германската десничарска партија АФД Алис Вајдел одби да одговори на прашањето дали ЕУ треба да се расформира за време на интервју за јавната телевизија ЦДФ, но рече дека треба да се ограничи моќта на ЕУ.
„Ние сме за намалување на моќта на ЕУ, која што не функционира како што треба и станува сè повеќе и повеќе подуена. И тоа е точно прашањето за кое што ќе се дискутира на следната партиска конференција“, кажа Вајдел.
Таа вели дека само националните држави се вистински носители на демократијата и само таму може да има општествена дебата.
Вајдел потоа кажа дека АФД (Алтернатива за Германија) во анкетите има поголем рејтинг од Социјал Демократите, партијата на канцеларот Олаф Шолц и заостанува само 4 отсто зад главната опозициска партија ЦДУ.
Со оглед на тоа, таа вели дека нејзината партија има обврска да излезе со кандидат за канцелар.