ЖОЛДАК ПРИВРШУВА СО ПРОБИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЕДВАРД ВТОРИ“ , ПРЕМИЕРАТА Е НА ОХРИДСКО ЛЕТО

    ЖОЛДАК ПРИВРШУВА СО ПРОБИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЕДВАРД ВТОРИ“ , ПРЕМИЕРАТА Е НА ОХРИДСКО ЛЕТОГлавната машка ролја ја игра гостинот од Бугарија Борис Крстев, а женската е на Јована Миладинов студентка на актерска игра. (Фото: Плакатот на претставата)

    Велешкиот театар привршува со подготовките на новата претстава, „Едвард Втори“, која е најскапата претстава во Велешкиот театар за годинава, а со „Иванов“ на Македонскиот народен театар (МНТ), две најскапи за оваа година. Овие два наслова, добија 2 милиони денари (32.360 евра) на последниот конкурс на Министерството за култира.

    Претставата ја поставува Украинецот Андриј Жолдак, кому ова му е трета постановка во македонските театри после „Електра“ и „Соларис“ во МНТ. Работена е по текст на Кристофер Марлоу. Премиерата ќе биде на Охридско лето на 6 август.

    „Имавме еден исклучителен процес на градење на претставата, со голема актерска, меѓународна екипа. Создаваме, оставаме производ кој долго ќе се памети. Пред сѐ поради естетичките параметри кои се кодирани во претставата. Верувам дека ќе имаме производ, кој досега не сме го виделе на театарските сцени од регионот“ , кажа Сашо Димоски директор на Велешкиот театар.

    Претставата е работена како дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив насловен „Манифест“ . Главната машка ролја ја толкува гостинот од Бугарија Борис Крстев а женската е на Јована Миладинов студентка на актерска игра. Сценографијата е на Даниел Жолдак во соработка со Грузиецот Симон Мачабели, кој пак ја работи костимографијата со Раде Василев. Композитор  е Сашко Костов.

    По прмеиерата во Охрид, на матичната сцена ќе игра на 9 септември, а во Пловдив на 14 септември како дел од фестивалот „Театар на крстопат“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира