Високите температури и човечкото невнимание го зголемија бројот на пожари во струшко. Противпожарната единица само овој месец имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто гори шума но има спалени и земјоделски површини оти несовесните граѓани палат стрништа.
Од Противпожарната единица Струга велат дека често се на терен и апелираат граѓаните да бидат повнимателни.
„Има овој месец, летно време а ние знаеме кога иде летно време имаме повеќе пожари. По стрништа, по шумски пожари. Само овој месец досега има петнаесет пожари и тоа шумски пожари и по стрништа“, вели Фети Мазар командир на ТППЕ Струга.
Изминатава недела пожар зафати седум деловни објекти во центарот на Струга. Пожарникарите гаснеле цели осум часа.
„Да не се пали оган, во моментот кога нашата земја се соочува со повисоки температури треба граѓаните да пријавуваат пожари. Не смеат да палат треба да ги почитуваат апелите во секое село и по медиуми ги има. Треба граѓаните да внимаваат на пожарите и шумските пожари“, апелира Мазари.
Противпожарната единица во Струга има сензорен систем за детектирање на пожари, 24 часовен мониторинг за брзо откривање и следење на пожарите во непристапни терени, шумски појаси, во селата и во градот.
Во Струга има 40 пожарникари и четири опремени противпожарни возила кои покриваат терен од над сто илјади жители.
С. ВРЕНЦОВСКА