ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ПРЕПОЗНАЕ ЛОЗИНКА СПОРЕД ЗВУКОТ НА ПРИТИСНАТИТЕ ТИПКИ НА ТАСТАТУРАТА, ВЕЛИ НОВА СТУДИЈА

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ПРЕПОЗНАЕ ЛОЗИНКА СПОРЕД ЗВУКОТ НА ПРИТИСНАТИТЕ ТИПКИ НА ТАСТАТУРАТА, ВЕЛИ НОВА СТУДИЈАИстражувачите велат дека создале систем кој може да утврди кои копчиња се притискаат на тастатурата на лаптопот со повеќе од 90% точност, само врз основа на звучните снимки. (Фото: ПА)

    Впишување лозинка на компјутер додека разговарате преку Зум може да отвори врата за сајбер-напад, сугерира истражување, откако студијата откри дека вештачката интелигенција (ВИ) може да открие кои копчиња се притискаат со прислушување на звукот од пишувањето. Експертите велат дека како што се зголеми употребата на алатките за видеоконференции како што е Зум, а уредите со вградени микрофони станаа сеприсутни, се зголеми и заканата од сајбер напади врз основа на звуци.

    Сега истражувачите велат дека создале систем кој може да утврди кои копчиња се притискаат на тастатурата на лаптопот со повеќе од 90% точност, само врз основа на звучните снимки.

    „Можам да предвиам дека ќе се зголемуваат точноста на таквите модели и таквите напади“, рече д-р Ехсан Тореини, коавтор на студијата на Универзитетот во Сари, додавајќи дека со тоа то паметните уреди што носат микрофони стануваат сè почести во домаќинствата, таквите напади ја нагласуваат потребата од јавни дебати за управувањето со вештачката интелигенција.

    Истражувањето открива како Тореини и колегите користеле алгоритми за машинско учење за да создадат систем кој може да идентификува кои копчиња се притискале на лаптопот врз основа на звук – пристап што истражувачите го користеле на уредот за шифрирање Енигма во последниве години.
    Резултатите откриваат дека системот може точно да ја додели точната типка на звукот во 95% од случаите кога снимањето било направено преку телефонски повик и 93% од случаите кога снимката била направена преку повик од Зум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира