УЛИЦАТА „ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“ НИКОГАШ НЕ БИЛА ИЗБРИШАНА, ТАКА СЕГА СЕ ВИКА ПОРАНЕШНА „ЛОВЌЕНСКА 9“, Ѝ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА АРСОВСКА

    УЛИЦАТА „ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“ НИКОГАШ НЕ БИЛА ИЗБРИШАНА, ТАКА СЕГА СЕ ВИКА ПОРАНЕШНА „ЛОВЌЕНСКА 9“, Ѝ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА АРСОВСКА„Популистичките изјави од било чија страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста“, објави Шилегов на својот фејсбук профил за изјавата на Арсовска. (Фото: Фејсбук)

    Ексградоначалникот Петре Шилегов вели дека во негово време не било избришано името на улицата Втора македонска бригада, туку само била преместено на друга улица. Со новите имиња на улиците кои беа предложени и изгласани во негов мандат, улицата Ловќенска 9 стана Втора македонска бригада, по што истоимената улицата во Чаир беше прекрстена во Адем Демачи.

    „Улицата Втора македонска бригада, никогаш не беше избришана во Скопје. Поранешната улица Ловќенска 9, се вика улица Втора македонска бригада. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење. Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од било чија страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста“, објави Шилегов на својот фејсбук профил.

    Градоначалничката Арсовска денеска достави иницијатива до Советот на Град Скопје да се врати името на улицата Втора македонска бригада, која сега се вика Адем Демачи велејќи дека така ќе се исправи неправдата кон повеќе од 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија.

    Со доаѓањето на функција на Шилегов во 2017, почна постапката за враќање на старите имиња на улиците кои беа сменети и добија антички имиња од неговиот претходник Коце Трајановски. Покрај враќањето на старите имиња, беа ставени и нови имиња на улици, не само на македонски туку и на албански личности од историјата и заслужни граѓани, предложени на јавна анкета. Така, 485 улици добија нови имиња.

    Одлуката на Советот на Град Скопје беше донесена во 2021 година, по што беше одобрена и на Влада. Пред два месеца, личните документи почнаа да се издаваат со новите имиња на улици.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира