13-ГОДИШНИЧКА СЕ ПОРОДИЛА ВО МИСИСИПИ ОТКАКО БИЛА СИЛУВАНА И НЕ Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА АБОРТИРА

    13-ГОДИШНИЧКА СЕ ПОРОДИЛА ВО МИСИСИПИ ОТКАКО БИЛА СИЛУВАНА И НЕ Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА АБОРТИРАОд укинувањето на федералното право на абортус во САД, 14 сојузни држави донесоа закони со кои абортусот стана нелегален (Фото: Гети)

    Тринаесетгодишно девојче родило машко бебе во Мисисипи откако било силувана од странец и потоа не ѝ било дозволено да абортира. Мајката на девојчето барала опции за абортус, но ѝ било кажано дека процедурата најблиску може да се изведе во Чикаго, оддалечено речиси девет часа возење од нивниот дом во Кларкдејл, Мисисипи.

    Тоа ни беше прескапо. Немавме пари за сите трошоци“, изјави мајката Реџина.

    Ова е последната во серијата ужасни лични приказни откако врховниот суд на САД го укина федералното право на абортус. Од таа одлука, 14 сојузни држави донесоа закони со кои абортусот стана нелегален, објави Центарот за репродуктивните права.

    Минатото лето, само една недела по донесувањето на пресудата, локален весник од Охајо објави дека 10-годишно девојче кое било силувано морало да патува до Индијана за да абортира. Мажот кој ја силувал минатиот месец беше осуден на доживотен затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира