Македонија стана 15. земја која формално се приклучи на декларацијата на групата 7 најразвиени земји (Г7) за безбедносни гаранции за Украина, објави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, во објава на Телеграм, му се заблагодари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски „за неговите лични напори за подобрување на партнерството меѓу двете земји“
Покрај декларацијата на Г7 од 12 јули годинава, со која земјите потписнички се обврзуваат на долгорочна поддршка на Украина во борбата против сегашната и идна руска агресија, Украина е во преговори со САД, Велика Британија и Грција за билатерални договори за безбедносни гаранции.