НЕПРАВЕДНО Е ДА ГИ ИЗРАМНИМЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО 15 ГОДИНИ СТАЖ И ОНИЕ СО 40 ГОДИНИ СТАЖ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКА ЗА БАРАЊАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЕНЗИЈА

    НЕПРАВЕДНО Е ДА ГИ ИЗРАМНИМЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО 15 ГОДИНИ СТАЖ И ОНИЕ СО 40 ГОДИНИ СТАЖ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКА ЗА БАРАЊАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЕНЗИЈА18.000 денари е нереална сума затоа што минималната плата е 20.000 денари, вели министерката Тренчевска; - Од протестот на пензионерите во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Минималната пензија од септември ќе биде 13.300 денари, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Министерката повтори дека не е можно минималната пензија да биде 18.000 денари, како што бараат пензионерите кои изминативе денови излегоа на протести.

    Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика за порастот на трошоците за живот и врз основа на овие податоци ќе имаме видиме колку ќе биде покачувањето. Можно е 6 проценти, можно е повеќе, но пониска пензија од 13.300 нема да има“, рече Тренчевска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.

    Тренчевска рече дека до крајот на годината ќе најде соодветно решение за дефинирање на минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи праг на сиромаштија утврдена од Светска банка. 

    Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 денари е нереална сума затоа што минималната плата е 20.000 денари. Тоа значи дополнително оптеретување на Фондот и доведување во ситуација после три, четири месеци да се прашаме дали 330.000 пензионери ќе добијат пензија. Како држава, како министерка, како Влада мора да водиме сметка за стабилност на ПИОМ, мора да водиме сметка за навремено исплаќање на пензиите“, рече Тренчевска.

    Тренчевска кажа дека е неправедно е да се изедначат луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж, затоа што тие се поголем стаж имаат поголем влог во системот на придонесите и нормално е да имаат поголема пензија. 

    Министерката рече и дека најголем дел пензионерите кои во моментов земаат минимална пензија се оние со 15 години стаж и додаде дека најголем дел од нив додека работеле ја немале достигнато висината на минимална пензија.

    „Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов, ќе земале и многу помала пензија. Меѓутоа, заради солидарниот систем сме утврдиле линија од 12.500 денари под која што нема да има пензија“, рече Тренчевска, додавајќи дека минималната пензија со редовните законски усогласувања во септември ќе биде над 13.300 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира