ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ГO ВРАТИ ПАЈТОНOT ВО БИТОЛА – ОД ВЕЧЕРВА БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

    ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ГO ВРАТИ ПАЈТОНOT ВО БИТОЛА – ОД ВЕЧЕРВА БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКАБесплатното возење со пајтон ќе трае во следните две недели секоја вечер од 18.30 до 21.30 часот, а поаѓањето е пред влезот на Офицерскиот дом. (Фото: СДК.МК)

    Офицерски дом-КИЦ Битола во пресрет на Фестивалот на староградска музика„ Ех, таа серенада“ од вечерва организира бесплатно промотивно возење низ битолските улици со пајтон.

    „Како дел од промотивните активности за фестивалот и туристичка промоција на Офицерски дом граѓаните на Битола, како и бројните туристи и посетители ќе имаат единствена можност да бидат дел од традицијата на конзулска Битола, дел од приказната за битолската серенада и да ја почувствуваат возбудата која ја носи возењето со пајтон“, соопштија од КИЦ Битола.

    Бесплатното возење со пајтон ќе трае во следните две недели секоја вечер од 18.30 до 21.30 часот, а поаѓањето е пред влезот на Офицерскиот дом.

    Првото издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, а на ревијалната вечер ќе настапат 16 изведувачи. Билетите се бесплатни.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира