МЕЛОНИ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА ОТКАКО НЕКОЛКУ ИТАЛИЈАНЦИ ИЗБЕГАА ОД РЕСТОРАН ВО АЛБАНИЈА

    МЕЛОНИ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА ОТКАКО НЕКОЛКУ ИТАЛИЈАНЦИ ИЗБЕГАА ОД РЕСТОРАН ВО АЛБАНИЈАМелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама. (Фото: Твитер)

    Премиерката Џорџа Мелони, која се приклучи на сè поголемиот број Италијанци кои летуваат во Албанија, лично се погрижи да биде платена сметката во локален ресторан откако група нејзини сонародници избегаа без да платат.

    Мелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама и кога веста дека неколку Италијанци избегаа без платат во ресторан во градот Берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му нареди на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката.

    „Оди и плати ја сметката за овие идиоти“, Рама ја цитираше Мелони како му кажува на амбасадорот.

    Франческо Лолобриџида, италијанскиот министер за земјоделие, беше исто така во Албанија и кажа дека се работи за национална гордост.

    „Таа се понуди да ја плати сметката. Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, кажа Лолобриџида.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира