Документарецот „Тело“ на словенечката режисерка Петра Селишкар вечерва на Македокс ќе има македонска премиера во 21 часот во Куршумли ан. Филмот, работен во текот на 20 години, е за поранешната словенечка манекенка, пијанистката Уршка Ристиќ, која се бори со ретки автоимуни болести, а таа ќе биде гостинка и на премиерата.
Светската премиера на „Тело“ беше на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево во конкуренцијата за документарци.
Селишкар е авторка на документарците „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“. „Тело“ е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Северна Македонија, Еуримаж, Програмата Медиа на Креативна Европа, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“.