Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на македонскиот премиер Димитар Ковачевски за политичката и воената поддршка, откако двајцата синоќа се сретнаа во Атина.
Во објава на „Телеграм“, Зеленски кажа и дека Македонија подготвува нов пакет воена помош за Украина. Македонија досега ѝ донираше на Украина тенкови Т-72, авиони Су-25 и хеликоптери Ми-24 и по глава на жител е еден од најголемите донатори.
Ковачевски, пак, кажа дека Македонија ќе продолжи да ѝ помага на Украина сè додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера во Атина организираше неформална вечера по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и Солунската декларација.
Покрај Ковачевски и Зеленски, на неформалната вечера присуствуваа претседателите на Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен од ЕУ, лидерите на земјите од Западен Балкан – Александар Вучиќ Јаков Милатовиќ, Борјана Кришто и Албин Курти, како и Андреј Пленковиќ, Марсел Чолаку и Николај Денков.