СОВЕТОТ НА БИТОЛА ГО РАЗРЕШИ ОДБОРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ НА УЧЕНИК СО ЏУЏЕСТ РАСТ МУ БИЛЕ ВРАТЕНИ ДОКУМЕНТИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ

    СОВЕТОТ НА БИТОЛА ГО РАЗРЕШИ ОДБОРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ НА УЧЕНИК СО ЏУЏЕСТ РАСТ МУ БИЛЕ ВРАТЕНИ ДОКУМЕНТИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВНесвојствено во 21 век е лице со попречености да го прашате како ќе смениш ти мотор, - советникот Корлевски кој го предложи разрешувањето.

    Советот на Општина Битола ги разреши членовите на Училишниот одбор во Средното техничко улилиште „Ѓорги Наумов“ и назначи нови по објавата во порталот САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма дека Државниот просветен инспекторат истражува случај за наводна дискиминација врз ученик со џуџест раст, кој се запишал во прва година, а потоа му биле вратени документите назад. Разрешувањето го предложи советникот од СДСМ Борче Корлевски, а беше изгласан со 18 гласови „за“ од советниците на СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица. Против гласаа 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.

    „Промената на Училипшниот одбор е надлежност на локалната самоуправа зашто градоначалникот до сега не најде за сходно да го контролира училишниот процес и однесувањето на директорот. Во училиштето има напредни услови за настава, ама нема разум и однесување. Несвојствено во 21 век е лице со попречености да го прашате како ќе смениш ти мотор. Ние сме пример не само во Македонија и во светот дека поголем глупост од оваа нема кажано никој. Среќа што сме информирани преку медиумите“, рече Корлевски.

    Советниците од Левица побараа од градоначалникот да ја разреши и директорката на училиштето Жанета Сервини.

    „Во изминатиот период од година дена неколку пати апелиравме за скандалите кои ја тресат оваа образована инситуација. На 3 ноември 2022 година поднесовме барање до градоначалникот за нејзино разрешување поради носење на ученици во Бугарија на разговор со Милен Врабевски кој е основач на бугарската фондација морија’ На 20 фвруари годинава поднесовме ново барање за нејзино разрешување поради злоупотреба на ученици за партиско пртепукување со бившиот директор. Ова е трет скандал. Ова училиште нааместо да биде пример за лицата од ранлива категорија, тие вршат дискриминација“, рече Горан Велевски од Левица.

    Државниот просветен инспекторат вчера потврди дека го проверува случајот по анонимно поднесената претставка за дискриминација во школото во Битола, според која на ученикот кој успеал да се запише во прва година, му биле вратени документите со образложение дека нема да може да ја врши таа професија. Од Инспекторатот соопштија дека по анонимната претставка ќе биде изготвено соодветно задолжение и по завршување на надзорот јавно ќе информираат за наодите.

    Анонимна дојава беше испратена и до нашата редакција, дека од раководството на „Ѓорги Наумов“ во Битола се случил класичен пример на дискриминација на штотуку запишан ученик од прва година. Според анонимката, се работи за дете со џуџест раст кое се запишало во ова училиште во смерот техничар за моторни возила и била повикана мајката да ѝ ги вратат документите оти детето немало да може да „извади мотор“ од автомобил.

    Раководниот тим на училиштето ги отфрли обинувања за наводна дискиминација кон новозапишан ученик од ранлива категорија. Се огласија преку писмено соопштение дека мајката била повикана на разговор за љубезно да се информира за начинот на реализација на практичната настава и за феријалната пракса со цел да биде заштитено нејзиното дете. По ова, таа одлучила да ги подигне документите за што имаат и записник, а стојат на располагање повторно да го запишат ученикот доколку одличи да учи во Техничкото. Ги демантираат сите претходни обвинувања кон раководниот тим, па и она за носење ученици во Бугарија како тенденциозни и невистинити.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира