Јапонија почна да испушта обработена радиоактивна вода од уништените нуклеарни реактори во нуклеарката Фукушима во Тихиот океан, во контроверзен потег кој предизвика Кина да соопшти дека веднаш забранува увоз на морска храна од Јапонија. Кина вели дека „длабоко загрижена околу ризикот од радиоактивна контаминација од јапонските прехранбени и земјоделски производи извезени во Кина“.
Испуштањето на водата од Фукушима е со дозвола на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и претставува клучен чекор во долгиот и тежок процес на декомисија на нуклеарката Фукушима откако беше уништена од земјотрес и цунами во 2011 година.
Токио ја критикуваше Кина дека шири тврдења без научна основа. Јапонските власти тврдат дека испуштањето на водата е безбедно и се повикува на ИАЕА, од каде што велат дека влијанието на луѓето и животната средина е незначително.
Испуштањето на водата се очекува да трае 30 години, според компанијата ТЕПКО, која управува со нуклеарката.