ПРИГОЖИН БЕШЕ ТАЛЕНТИРАН БИЗНИСМЕН, ДА ПОЧЕКАМЕ ШТО ЌЕ КАЖЕ ИСТРАГАТА, КАЖА ПУТИН ЗА СМРТТА НА ШЕФОТ НА ВАГНЕР

    ПРИГОЖИН БЕШЕ ТАЛЕНТИРАН БИЗНИСМЕН, ДА ПОЧЕКАМЕ ШТО ЌЕ КАЖЕ ИСТРАГАТА, КАЖА ПУТИН ЗА СМРТТА НА ШЕФОТ НА ВАГНЕРЗа Пригожин, Путин кажа дека се познавале од почетокот на 1990-те. (Фото: Кремљ/принтскрин)

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја даде првата изјава по смртта на шефот на приватната армија Вагнер Евгени Пригожин во авионска несреќа вчера. Откако се раширија шпекулации дека Путин го наредил убиството на Пригожин кој се обиде да направи пуч против Кремљ пред два месеца, рускиот претседател кажа дека треба да се почекаат резултатите од истрагата на руските власти.

    „Шефот на истражувачкиот комитет ме информираше за ова, како што е редот“, кажа Путин за време на средбата со Денис Пушилин, лидерот на Донецката народна република.

    „Тие почнас истрага за инцидентот и таа ќе биде спроведена во целост и ќе добиеме заклучок. Да видиме што ќе кажат истражителите“, додаде Путин.

    За Пригожин, Путин кажа дека се познавале од почетокот на 1990-те.

    „Тој е човек со комплексна судбина. Некогаш правеше грешки и некогаш ги добиваше резултатите што ги сакаше, за него и како одговор на моите барања, за заедничка кауза. Тој беше талентиран човек, талентиран бизнисмен. Работеше во нашата земја, но исто така и во странство, во Африка. Работеше со нафта, гас, со благородни метали“, продолжи Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира