Руските истражители објавија дека пронашле тела на десет лица кои загинаa по падот на авионот во кој се наоѓал шефот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин.
Истражителите ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна во средата.
„Во тек е молекуларно генетско тестирање за да се утврди нивниот идентитет.
Пронајени се црни кутии и во тек е детално испитување на местото на несреќата“, се во соопштението на Рускиот истражен комитет.
Авионот на Пригожин се урна во средата вечер.