АВСТРИЈА ДАВА БЕСПЛАТНА КАРТА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО ТЕТОВИРААТ ИМЕТО НА БИЛЕТОТ

    АВСТРИЈА ДАВА БЕСПЛАТНА КАРТА ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО ТЕТОВИРААТ ИМЕТО НА БИЛЕТОТЛеоноре Гевеслер, пратеничка на „Зелените“ и министерка за клима на Австрија, го промовираше овој проект на музички фестивал минатата недела.

    Австрија нуди бесплатен јавен превоз за една година на оние кои ќе направат тетоважа на која пишува „Климатикет“ односно името на билетот за јавен превоз низ целата земја. Билетот чини околу 1.000 евра и беше воведен од австриската влада во 2021 година, како дел од мерките за справување со климетските промени.

    Леоноре Гевеслер, пратеничка на „Зелените“ и министерка за клима на Австрија, го промовираше овој проект на музички фестивал минатата недела, при што сама стави привремена тетоважа на кој пишуваше „ Гевеслер го презема водството.

    На неколку фестивали во земјата потоа беа поставени штандови каде се правеа тетоважи за бесплатен билет. Организаторите на кампањата велат дека шест лица досега се тетовирале и добиле бесплатен билет.

    Но, тетоважата за билети за јавен превоз привлече критики од други австриски пратеници и корисници на социјалните мрежи.

    Годишен билет може да се користи во речиси целиот јавен превоз во Австрија, овозможувајќи им на луѓето да патуваат низ целата земја за само 3 евра на ден со попусти достапни за млади, постари лица и лица со посебни потреби.

    Чини вкупно 1.095 евра годишно, а околу 245.000 луѓе моментално имаат купено ваков билет. Австрија има население од речиси 9 милиони луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира