30-годишен гостиварец ги снимал сексуалните односи што ги имал со 15-годишно дете и ги чувал видеата за да ги дистрибуира, за што е осомничен за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар.
„Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете-жртва. Снимениот видеоматеријал и фотографии тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин“, се вели во соопштението.
Од обвинителството додаваат дека побарале од судија на претходната постапка од Основниот суд во Гостивар да му определи мерка притвор, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.