РУСИЈА ОРГАНИЗИРА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ОКУПИРАНИТЕ РЕГИОНИ НА УКРАИНА, КИЕВ ГИ ОТФРЛИ КАКО ЛАЖНИ

    РУСИЈА ОРГАНИЗИРА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ОКУПИРАНИТЕ РЕГИОНИ НА УКРАИНА, КИЕВ ГИ ОТФРЛИ КАКО ЛАЖНИИзборите ќе траат до 10 септември (Фото: ЕПА)

    Проруските власти започнаа со одржувањето на регионалните избори во деловите од Украина што Русија ги прогласи за свои минатата година, во обид да се зацементира власта на Москва на таканаречените нови територии, и покрај тековната војна. Русија не ги контролира во целост четирите региони во кои што се одржуваат изборите, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои заедно со анектираниот Крим сочинуваат речиси една петина од Украина.

    Украинските власти кажаа дека изборите се незаконски и покажуваат зошто е невозможно да има какви било мировни разговори со Москва сѐ додека руските сили не се повлечат од украинската територија.

    Во сите четири региони, гувернерите избрани од Москва, меѓу кои има и искусни проруски политичари, бараат полн мандат на изборите кои завршуваат на 10 септември, кога и во Русија ќе се одржат регионални избори. Гувернерите излегуваат на изборите со благослов од Путин, откако во изминатите месеци се придружија на неговата партија Обединета Русија, па нема да имаат никаква формална опозиција.

    Многумина жители ги напуштија окупираните територии, кои претрпеа некои од најголемите уништувања во војната.

    Некогашниот градоначалник на Мариупол, Вадим Бојченко, кажа дека луѓе од градот му рекле дека не постојат избирачки листи и листи со кандидати.

    Јасно е дека луѓето немаат доверба во целиот процес и дека овие избори се лажни. Руски службеници ќе одат од стан до стан во придружба на вооружени војници и ќе им кажуваат на луѓето дека мора да гласаат“, изјави Бојченко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира