„ЕРБАЛТИК“ ЌЕ ЛЕТА ОД РИГА ЗА СКОПЈЕ ОД 2 МАЈ

    „ЕРБАЛТИК“ ЌЕ ЛЕТА ОД РИГА ЗА СКОПЈЕ ОД 2 МАЈЌе има два лета неделно, а ќе се лета со „ербас А220-300“ (Фото: Ексјуавиејшн)

    Летонскиот национален авиопревозник „ЕрБалтик“ следниот мај ќе почне со летовите од Рига до Скопје, Љубљана и Приштина, кои за првпат се воведуваат. Сите три линии ќе ги има двапати неделно, а ќе се лета со „ербас А220-300“.

    Првиот лет на релацијата Рига-Скопје ќе се случи на 2 мај 2024.

    „Подготвувајќи се за новата сезона, откривме можност да ја прошириме нашата мрежа во централна и југоисточна Европа со конекции до балтичките и скандинавските држави“, изјави извршниот диртектор на „ЕрБалтик“, Мартин Гаус.

    Оваа компанија летово отвори сезонски линии од Рига за Белград и Тиват.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира