Забраната за изнајмување електрични тротинети денеска стапи на сила во Париз, како реакција на зголемениот број несреќи со повредени и починати. Речиси 90% од оние кои излегоа на референдумот во април гласаа за забраната, но излезноста беше само 7,5%.
Париз со тоа стана првиот главен град во Европа кој го забрани изнајмувањето електрични тротинети, што се случува само пет години откако беше меѓу првите кој ги воведе. Во двата случаја, главен поборник на идејата беше градоначалничката Ан Идалго.
Со оваа одлука, од улиците на Париз беа повлечени 15.000 електрични тротинети, процес кој заврши вчера.
Минатата година, три лица загинале во сообраќајни несреќи во Париз поврзани со електрични тротинети, а 459 биле повредени.