ИНФЛУЕНСЕРИТЕ НА ПУТИН ЗАРАБОТУВААТ МНОГУ ПАРИ ОД ВОЕНАТА ПРОПАГАНДА

    ИНФЛУЕНСЕРИТЕ НА ПУТИН ЗАРАБОТУВААТ МНОГУ ПАРИ ОД ВОЕНАТА ПРОПАГАНДАПутин често им дава медали и официјални функции на провоените блогери и инфлуенсери. (Фото: ЕПА)

    Руските провоени инфлуенсери генерираат големи приходи од реклами од нивното покривање на конфликтот на социјалните мрежи, открива „Би-Би-Си“. Покрај дневната доза на ужасни видеа од напади со беспилотни летала и лажни тврдења за украинскиот претседател Володимир Зеленски, тие споделуваат реклами за се, од криптовалути до мода. Познати во Русија како „З-блогери“ поради нивната поддршка за војната која често се симболизира со буквата З, тие често се вградени во руската армија и објавуваат снимки од линијата на фронтот каде што ги повикуваат младите Руси да се пријават.

    Провоениот блогер Александар Котс наплатува 440-680 фунти по објава за реклама на неговиот канал на Телеграм. (Фото: Телеграм)

    Од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022, провоените инфлуенсери добија милиони следбеници на Телеграм, платформата за социјалните медиуми на која многу Руси се обратија откако претседателот Владимир Путин ги забрани Инстаграм, Фејсбук и Твитер. Таа експлозија кај корисниците доведе до пораст на пазарот за рекламирање на Телеграм. Воените инфлуенсери го искористија ова. Тие продаваат рекламни простори за компании кои сакаат да допрат до нивната млада публика.

    За да дознаат колку наплаќаат, членовите на Глобалниот тим за дезинформација на „Би-Би-Си“ се претставија како сопственици на хотели заинтересирани да објавуваат реклами на нивните канали. Пристапиле до некои од најистакнатите играчи. Еден од нив е Александар Котс, ветеран дописник на провладин весник кој стана воен инфлуенсер, со повеќе од 600.000 следбеници на неговиот личен канал на Телеграм. Семјон Пегов, познат како ВорГонзо е уште еден таков и е можеби најпознатиот З блогер, има повеќе од 1,3 милиони следбеници.

    Александар Котс рече дека рекламата ќе чини 440-680 фунти по објава на неговиот канал, во зависност од тоа колку долго рекламата се чува на врвот на неговиот тек на Телеграм. ВорГонзо наплаќа 1.550 фунти по објава. Врвните воени инфлуенсери објавуваат најмалку една реклама дневно, така што нивниот потенцијален приход е далеку над просечната месечна плата во Русија од 550 фунти. Рекламниот агент кој работи со канали поврзани со Вагнер даде цена од 260 фунти по реклама во Греј зона, канал на Телеграм со ексклузивен пристап до Вагнер и над 600.000 следбеници.

    „Би-Би-Си“ се обиде да интервјуира истакнати воени блогери, но Александар Котс беше единствениот од нив кој се согласи да разговара. Говорејќи од окупираниот украински град Бахмут, тој се опиша себеси како известувач во информативна војна. Сепак, тој сфаќа дека руската пропаганда делумно зависи од луѓе како него.

    „Министерството за одбрана често не слуша и имаме директен канал за приватно да им пренесеме информации. Сето тоа е зад сцената и јас го правам тоа“, рече тој.

    Растечкиот пазар за материјалите на З-блогерите се одржува со постојан прилив на ексклузивни видеа. Снимката им носи разновидни следбеници, од домашна провоена публика до западни и украински аналитичари кои се обидуваат да разберат што навистина се случува во руските ровови. Сепак, некои од видеата објавени од провоените блогери се лажни.

    Во текот на војната, претседателот Владимир Путин покажа дека ги цени напорите на З-блогерите. Тој го назначи Александар Котс во претседателскиот совет за човекови права и ги направи Семјон Пегов и неколку други блогери членови на работната група за мобилизација. Во јуни, тој ги покани провоените инфлуенсери и известувачите на државните медиуми во Кремљ на двочасовен разговор.

    „Борбата во информативниот простор е бојно поле. Клучно бојно поле“, им рече Путин. „И јас навистина сметам на вашата помош“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира