ЕДЕН ЗАГИНАТ, НАД 70.000 УЧЕСНИЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ БРНИНГ МЕН ЗАГЛАВИЈА ВО КАЛТА ПО БУРИТЕ ВО ПУСТИНАТА НЕВАДА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ, НАД 70.000 УЧЕСНИЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ БРНИНГ МЕН ЗАГЛАВИЈА ВО КАЛТА ПО БУРИТЕ ВО ПУСТИНАТА НЕВАДАВрнежи се очекуваат и денеска, а целиот сообраќај на фстивалот е запрен. (Фото: Рено газет)

    Седумдесетина илјади присутни на фестивалот Брнинг мен во американската сојузна држава Невада вчера заглавија во кал – многумина боси или со пластични кеси на нозете – поради поплавите од бурите што ја зафатија пустината Невада, што ги принуди организаторите да го затворат пристапот со возила. Покрената е истрага за смртта на едно лице при поројниот дожд, но засега нема детали како загинало.Учесниците беа повикани да се засолнат и да зачуваат храна, вода и други резерви. Портите за возилата ќе бидат затворени до крајот на настанот, кој започна на 27 август и требаше да заврши утре.

    Не се знае дали и кога влезот повторно ќе биде отворен, а и кога учесниците би можеле да го напуштат теренот. (Фото: АП)

    Голем дожд падна во петокот на местото на фестивалот, кое се наоѓа на 177 километри северно од Рено, а врнежи се очекуваат и денеска. Организаторите почнаа да ја ограничуваат продажбата на мраз и целиот сообраќај на возила на пространите терени на фестивалот е запрен, поради што преносливите тоалети не може да се сервисираат. Не се знае дали и кога влезот повторно ќе биде отворен, а и кога учесниците би можеле да го напуштат теренот.

    Искусните учесници кои доаѓаат две децении велат дека ќе треба најмалку 3 дена за да се исуши теренот по врнежите. Најавите дојдоа непосредно пред кулминацијата на фестивалот – кога синоќа требаше да се запали големата скулптура од дрво. Фестивалот е именуван по палењето на големата дрвена структура наречена Човекот на претпоследната ноќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира