Во скопската Зоолошка градина вчера угина сибирската тигрица Надја, соопшти Зоолошката.
„Во длабока старост мирно нѐ напушти нашата сибирска тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа. Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години, во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени“, велат од Зоолошка.
Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше 13 години.
Овој вид крупни ѕверови – тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години.