Авион на американската компанија „Делта“ кој летал на релацијата Атланта-Барселона морал да се врати назад поради „биолошка опасност“ откако еден патник имал експлозивен пролив. Авионот бил два часа во воздух кога пилотот побарал да се вратат во Атланта.
Во аудиопорака објавена на социјалната мрежа Х (Твитер), пилотот рекол дека еден патник имал дијареа низ целиот авион. Авионот бил исчистен и следниот ден одлетал за Барселона.
„Делта“ потврди дека имало медицински проблем во авионот поради што бил вратен во Атланта заради чистење.
„Нашите тимови работеа најбрзо што можеа за да го исчистат авионот за да ги превеземе нашите патници до крајната дестинација. Им се извинуваме на нашите муштерии за доцнењето“, соопшти „Делта“.