По порастот на опасни средби меѓу мечки и луѓе во текот на летото, владејачката коалиција во Романија се соочува со остри критики од поранешен сојузник како да се справи со овие животни кои можат да бидат смртоносни. Проблемот дури станува жешко изборно прашање за изборите закажани за следната година.
Танкош Барна, сенатор и еден од лидерите на малата партија Демократска унија на Унгарците, притиска да се дозволи повеќе лов на мечките со зголемување на квотите за нивно убивање за да се регулира нивната популација и да се намалат ризиците по луѓето.
Тој сака да се воведе нов закон за таа цел есенва.
Но, критичарите велат дека тој го прави тоа за политички поени во руралните области во пресрет на изборите и со тоа ќе се отвори пат за повторно ловење мечки за трофеи.
Либералниот пратеник Влад Георге, член на опозициската партија Спас за Романија, вели дека Барна сака да ги освои гласовите на руралните гласачи.
Партијата на Барна, кој според анкетите има рејтинг од 5 отсто, беше дел од владејачката коалиција, но ја напушти претходно годинава поради несогласувања околу поделба на министерските места.
Партијата на Барна победи во три планински региони на последните локални избори во 2020 година и сака да ги освои и соседните рурални општини во кои на власт се либерали, со тоа што ќе дозволи повеќе лов на мечки.
Според романските власти, во земјата има помеѓу 7 и 8 илјади мечки, што е најголема популација на мечки во ЕУ. Помеѓу 2016 и 2021 година имало 154 напади на мечки, што резултирало со 158 повреди и 14 смртни случаи.
Ловењето мечки за трофеи е забрането во Романија од 2016 година и мечките се заштитен вид според регулативата на ЕУ. Романија има квоти за убивање мечки за да се одржи популацијата под контрола, но во последните неколку години овие квоти се оспорувани.