ПАРТИЈАТА НА ПУТИН УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА И ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНА

    ПАРТИЈАТА НА ПУТИН УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА И ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНАКремљ кажа дека изборите биле слободни и праведни (Фото: АП)

    Партијата на Владимир Путин, Единствена Русија, доби голема поддршка на регионалните и општинските избори во Русија и во окупираните делови на Украина, кои завршија вчера. Советот на Европа соопшти дека еднонеделните избори биле очигледно кршење на меѓународното право, додека Киев и западот кажаа дека тоа бил незаконски обид на Москва да ја зајакне својата власт во регионите на истокот и југот на Украина.

    Изборната конкуренција беше ограничена, а некои силни кандидати, како оние од Комунистичката партија, беа блокирани од властите. Кремљ кажа дека анкетите и бројните изборни победи покажаа дека Путин е далеку најпопуларниот политичар во земјата и дека изборите биле слободни и праведни.

    Низ земјата, Единствена Русија победи на сите избори за гувернери на региони. Меѓу реизбраните е и моќниот гувернер на Москва, Сергеј Собјанин, кој речиси без опозиција освои 75% гласови. Кандидатите поддржани од Кремљ победија и во украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои не се под целосна контрола на Русија, иако таа незаконски ги анектираше лани.

    Според руските функционери, Единствена Русија освои најмалку 70% гласови во сите руски региони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира