СЛОВАЧКА ЌЕ СЕ СВРТИ КОН ПРОРУСКА ПОЛИТИКА АКО БИВШИОТ ПРЕМИЕР ФИКО ПОБЕДИ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

    СЛОВАЧКА ЌЕ СЕ СВРТИ КОН ПРОРУСКА ПОЛИТИКА АКО БИВШИОТ ПРЕМИЕР ФИКО ПОБЕДИ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИРоберт Фико вети дека ќе ја повлече политичката и воена поддршка за соседната Украина ако се врати на власт (Фото: АП)

    Поранешниот премиер Роберт Фико, чија партија Смер (Насока) е фаворит за победа на претстојните парламентарни избори во Словачка, планира да ја повлече политичката и воена поддршка за соседната Украина ако се врати на власт. Фико беше премиер од 2006 и 2010 и потоа од 2012 до 2018 и има големи шанси да освои нов мандат по изборите на 30 септември. Тој и неговата партија водат јасна проруска кампања со антиамерикански пораки.

    Фико е дел од еден поширок тренд во Европа. Во ЕУ, единствено Унгарија има проруска влада, но и во земји како Германија, Франција и Шпанија популистичките партии со слични ставови имаат значајна поддршка и на регионалните и националните избори во наредниот период би можеле да го променат мислењето на јавноста за војната во Украина.

    Ако Смер стане дел од владата, веќе нема да праќаме оружје и муниција во Украина“, кажа Фико, кој исто така се противи на санкциите за Русија.

    Словачка беше гласен поддржувач на Украина од првите денови на руската инвазија и втора членка на НАТО која ѝ даде борбени авиони „миг-29“. Таа исто така ги отвори своите граници за украинските бегалци.

    Според една анкета од март, 51% Словаци веруваат дека западот или Украина се одговорни за војната, а половина ги сметаат САД за безбедносна закана за Словачка. Од осумте анкетирани нации, во Словачка владее најголема недоверба кон САД, следена од Бугарија со 33% и Унгарија со 25%.

    Анкетата била спроведена во Бугарија, Чешка, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка. Само 48% Словаци сметаат дека либерална демократија е добра за нивната земја.

    Руските дезинформациски операции ја одиграа својата улога и проруската пропаганда сега е широко распространета во словачките медиуми. И бројни политичари ги усвоија наративите и терминологијата на руската пропаганда“, вели Катарина Клингова од Центарот за демократија и отпор ГЛОБСЕЦ, кој ја спроведе анкетата.

    Меѓу нив е и Фико, кој го прифати рускиот наратив за причините за војната во Украина, вклучувајќи го неоснованото тврдење на Путин дека сегашната украинска влада води нацистичка држава и дека на тамошните Руси им треба заштита.

    Војната во Украина не почна вчера или лани, туку во 2014, кога украинските нацисти и фашисти почнаа да убиваат руски граѓани во Донбас и Луганск“, кажа Фико на митингот во родниот град Тополкани на 30 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира