ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ ЈАГОШ МАРКОВИЌ, ЧИЈА ПРЕТСТАВА ОД БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ НА 7 ОКТОМВРИ

    ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ ЈАГОШ МАРКОВИЌ, ЧИЈА ПРЕТСТАВА ОД БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ НА 7 ОКТОМВРИНеговите претстави се играле пред преполни сали и го прославиле националниот театар на меѓународните гостувања. (Фото: М. Лопиќичќ)

    Почина режисерот Јагош Марковиќ, еден од најистакнатите театарски режисери на српските и балканските простори, објави Београдско драмско позориште. Почина вчера на 58 години. Неговата претстава, „Самрак на боговите“ е најавенa да дојде во Скопје, на фестивалот РУТА во Драмски театар, на 7 октомври.

    Марковиќ е роден во Подгорица, 1966. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Дипломирал на 21 година, а почнал да режира од 12 години.

    Во Народно позориште во Белград, како негова матична куќа од 2008, ги поставил некои од најзначајните наслови од домашната и светска класика како „Госпоѓа министерка“, „Покондирена тиква“, „Антигона“, „Свадбата на Фигаро“.

    Неговите претстави се играле пред преполни сали и го прославиле националниот театар на меѓународните гостувања. Добитник е на над 50 награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира