ТРАМП СО ГОДИНИ ЛАЖЕЛ ЗА СВОЕТО БОГАТСТВО, ОДЛУЧИ ЊУЈОРШКИОТ СУД ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СУДЕЊЕТО В ПОНЕДЕЛНИК

    ТРАМП СО ГОДИНИ ЛАЖЕЛ ЗА СВОЕТО БОГАТСТВО, ОДЛУЧИ ЊУЈОРШКИОТ СУД ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СУДЕЊЕТО В ПОНЕДЕЛНИКЈавната обвинителка на Њујорк бара казна од 250 милиони долари за Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп постојано погрешно го претставувал своето богатство кај банките и осигурителите, објави њујоршки судија, што го решава клучното тврдење на јавната обвинителка на Њујорк во нејзината тужба против поранешниот американски претседател.

    Документите јасно содржат лажни проценки што обвинетите ги користеле во бизнисот“, кажа судијата Артур Енгорон.

    Ова е голем удар за Трамп во пресрет на судењето без порота, кое почнува в понеделник и се очекува да трае најмалку до декември.

    Јавната обвинителка Летиша Џејмс го тужеше Трамп во септември, обвинувајќи го него, неговите двајца возрасни синови и организацијата „Трамп“ дека лажеле за вкупната вредност на неговото богатство во периодот од 2011 до 2021 година. Џејмс тврдеше дека обвинетите издавале лажни деловни записи и финансиски извештаи со цел да добијат подобри услови за банкарски заеми и договори за осигурување и да платат помал данок. Таа бара казна од 250 милиони долари за Трамп и забрана за вршење бизнис во неговата матична сојузна држава.

    Трамп го отфрли случајот како „уште еден политички лов на вештерки, што го води пристрасна обвинителка“, додека за судијата кажа дека е силно исполитизиран.

    Организацијата „Трамп“ доби наредба да ги откаже своите дозволи за работа во Њујорк. Пресудата на судијата нема да ја распушти компанијата на Трамп, но би можела да ја прекине неговата контрола врз препознатливите имоти во Њујорк, како што се кулата „Трамп“ и зградата „Трамп“ на Вол стрит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира