БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ СЕ ВРАТИЈА НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    БОРЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ СЕ ВРАТИЈА НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКАНекогашните платеници на „Вагнер“ се борат главно на источниот фронт, велат од Киев (Фото: Гети)

    Борците кои претходно се бореа во Украина како припадници на паравоената група „Вагнер“ се вратија на фронтот во источниот дел на земјата, велат од украинската војска. Платениците на „Вагнер“ се повлекоа од Бахмут во мај, кога ја предадоа контролата врз оваа област на руската војска. По неуспешната побуна во јуни, групата објави дека веќе нема да војува во Украина, додека Кремљ ѝ понуди интеграција во регуларната војска.

    Некогашните борци на ‘Вагнер‘ се вратија во Украина, но сега работат за руското министерство за одбрана или се борат како поединци, а не како единица. Сега-засега, ги има неколку стотици, најмногу на источниот фронт“, изјави заменик-заповедникот за комуникации за украинските трупи на истокот, Серхиј Череватји.

    Сепак, тој се обиде да го намали значењето на нивната улога.

    На руските сили во Украина им недостигаат луѓе, па сите се добредојдени“, додаде тој.

    И украинските војници кои водат офанзива во областа на Бахмут го потврдија враќањето на „вагнеровците“.

    „‘Вагнер‘ е тука. Се вратија. Ги променија своите заповедници и се вратија во Украина“, изјави еден украински офицер.

    Михајло Подољак, советникот на Володимир Зеленски, изјави дека борците на „Вагнер“ потпишале договори со руското министерство за одбрана, со цел „на краток период да пополнат дупки во руската војска во правецот на Бахмут“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира