РУСИТЕ НАГРНАА ДА ГО ГЛЕДААТ „БАРБИ“ ВО КИНО, ИАКО КРЕМЉ КАЖА ДЕКА НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО РУСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

    РУСИТЕ НАГРНАА ДА ГО ГЛЕДААТ „БАРБИ“ ВО КИНО, ИАКО КРЕМЉ КАЖА ДЕКА НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО РУСКИТЕ ВРЕДНОСТИХоливудските студија престанаа да ги дистрибуираат своите филмови во Русија, но неовластени копии доаѓаат во земјата (Фото: Би-Би-Си)

    Големиот летен филмски хит „Барби“ официјално не се прикажува во Русија, но неофицијално, сепак, може да се гледа во кино.

    По почетокот на руската инвазија на Украина, холивудските студија престанаа да ги дистрибуираат своите филмови во Русија, но неовластени копии доаѓаат во земјата и се синхронизираат на руски. Таков е случајот и со „Барби“, што Русите нагрнаа да го гледаат во кината.

    Со цел да се избегнат проблемите со лиценцирањето, некои кина во Русија продаваат билети за кратки руски филмови, а потоа заедно со него го прикажуваат и „Барби“.

    Ова е спротивно на насоките на Кремљ, кој неодамна негативно се изјасни за филмот.

    „Филмот ‘Барби‘ не е во согласност со целите што ги постави нашиот претседател за зачувување и зајакнување на традиционалните руски морални и духовни вредности“, соопшти министерството за култура минатиот месец.

    И руската пратеничка Марија Бутина смета дека нема ништо добро во Барби, и куклата и филмот.

    „Имам проблеми со Барби како женска форма. Некои девојки, особено во тинејџерските години, сакаат да бидат како Барби и потоа ги исцрпуваат своите тела. Филмот, пак, нема дозвола за прикажување во Русија и апелирам до кината да не го кршат законот“, изјави Бутина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира