ШАЛТЕР-САЛАТА ВО СКОПСКАТА ПОШТА ШТО ГО ГУБИ БЛЕСОКОТ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА КРЕАТИВНИ НАСТАНИ, ИМ РЕЧЕ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА И НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

    ШАЛТЕР-САЛАТА ВО СКОПСКАТА ПОШТА ШТО ГО ГУБИ БЛЕСОКОТ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА КРЕАТИВНИ НАСТАНИ, ИМ РЕЧЕ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА И НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРААрсовска, Костадиновска-Стојчевска и Гир говореа за Скопје - Град на културата за 2028. (Фото: К. Попов)

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска се заблагодари на сите досегашни градоначалници за нивниот придонес Скопје да стане Град на културата за 2028, на заедничката прес-конференција со министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска и евроамбасадорот Дејвид Гир, на Школка, во скопскиот Градски парк.

    „Би сакала да изразам благодарност до целата администарција која работеше на проектот Скопје-Европска престолнина на културата за 2028 , не само во презентацијата, туку и во изготвување на сѐ што е потребно да пристигнеме во Брисел и да ја браниме апликацијата. Овој проект беше високо оценет од европското жири, и тоа што со 9 гласа од 9 од членови едногласно бевме избрани покажува сериозна потврда за сето она во кое сме се вложиле“, кажа Арсовска.

    Миистерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека оваа титула која на Скопје му ја додели Европската комисија не е шанса, не е награда.

    „Таа е можност, и како министерка за култура, убедена сум дека ќе дадеме сѐ од себе во 2028 да бидеме горди на Скопје, но и Скопје да биде гордо на нас. На оваа титула гледам како предизвик граѓаните на Скопје, сите македонски граѓани да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир даде лична забелешка за дел од скопските објекти за кои кажат дека го губат својот блесок.

    „Би сакал да дадам една лична и искрена забелешка. Јас навистина искрено се надевам дека вие ќе пружите само малку љубов и грижа за некои од знаменитостите во вашиот град кои го губат својот блесок, како што е Поштата во градот Скопје. На пример, зошто да не може шалтер- салата да се искористи како место за одржување на креативни активности, или Универзалната сала или пак Националната библиотека?“, кажа Гир.

    Потоа, Арсовска и Костадиновска-Стојчевска одговараа на новинарски прашања, меѓудргуото и за предавањето на Универзална сала на Министерството за култура и за реконструкцијата на салата.

    „Реконструкцијата е почната и наиде на пречки со проектната документација во јули месец во 2021 година. Оваа постапка е во последниот квартал од своето завршување и Министерството треба само да го доврши и понатаму да почне новата постапка којашто е за средување на внатрешноста. Ова е отпочнат проект, само продолжува и во рамките на динамиката којашто беше претходно утврдена, верувам дека ќе биде завршен“, реча Арсовска.

    Министерката за култура кажа дека Министерството и Владата застануваат зад овој проект со сите ресурси со коишто располагаат.

    „Распределбата на средствата ќе биде согласно постапките кои допрва следуваат, за што ќе има посебен тим кој ќе биде составен и од внатрешни надоворешни аспекти“, рече Костадиновска-Стојчевска.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира