ПОЧНУВААТ 32. ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ, РЕГИОНОТ УПОРНО СЕ БОРИ ДА ГО ЗАЧУВА ПРОИЗВОДСТВОТО

    ПОЧНУВААТ 32. ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ, РЕГИОНОТ УПОРНО СЕ БОРИ ДА ГО ЗАЧУВА ПРОИЗВОДСТВОТОЦелта на манифеставцијата е да се зачува кочанското материјално и нематеријално културно наследство. (Фото: Архива на Општина Кочани)

    Со симболичното крунисување на жетварските убавици, вечерва започнува традиционалната манифестација Денови на кочанскиот ориз, која по 32. пат ја организира Општина Кочани.

    „Од денеска до крајот на неделата се предвидуваат петнесетина програмски содржини од културно-уметнички, стопански и забавен карактер. Сите настани на еден или друг начин го популаризираат оризот како основен симбол на Кочанскиот Регион, кој упорно и со гордост се бори за зачувување на долгата традиција на белото злато, како што многумина го викаат оризопроизводството“, вели градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов.

    Целта е со песна и оро и со едно дефиле на културно-уметнички друштва низ центарот на градот да се зачува кочанското материјално и нематеријално културно наследство, а ќе се организира и традиционалната кујна поврзана со оризот.

    „Сѐ започна пред неколку месеци, кога Кочани го доби големиот уметнички мурал на влезот во градот каде се претставени сите симболики на општината со основниот најспецифичниот симбол – оризот и најзначајните културно-историски споменици на градот. Ќе има неколку промоции на книги меѓу кои и книгата поврзана со оризот ‘Оризот низ поезијата’. На браната Гратче ќе се промовира проектот ‘Природните убавини и туристички вредности на Општина Кочани’“, вели раководителката на Секторот за култура Ивана Карова-Коцева.

    Манифестацијата ќе заврши в недела, кога во кочанското село Мојанци ќе се изврши традиционалното зажнејување на оризовата култура и ќе се прогласи најуспешниот оризопроизводител, а вечерта во градскиот парк во Кочани ќе се одржи големиот концерт наслоен „Македонијо во срце те носиме“ со популарни македонски пејачи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира