ГРАД СКОПЈЕ ВТОРА ГОДИНА НЕ ДАВА БЕСПЛАТНИ МЕНСТРУАЛНИ ПРОИЗВОДИ ЗА СРЕДНОШКОЛКИТЕ ИАКО ПАРИТЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО БУЏЕТОТ

    ГРАД СКОПЈЕ ВТОРА ГОДИНА НЕ ДАВА БЕСПЛАТНИ МЕНСТРУАЛНИ ПРОИЗВОДИ ЗА СРЕДНОШКОЛКИТЕ ИАКО ПАРИТЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО БУЏЕТОТОбезбедувањето пари за менструална хигиена втора година по ред е по иницијатива на советничката на ЛДП Теодора Радончиќ, која при донесување на буџетот предложи амандман кој беше усвоен од мнозинството советници. (Фото: К. Попов)

    Ниту оваа година средношколките од Скопје не добиваат бесплатни менструлани производи. Иако со буџетот на Градот за 2023 година за оваа намена се предвидени 4 милиони денари (65.000 евра), средствата не се префрлаат ниту се спроведува проектот.

    Обезбедувањето пари за менструална хигиена втора година по ред е по иницијатива на советничката на ЛДП Теодора Радончиќ, која при донесување на буџетот предложи амандман кој беше усвоен од мнозинството советници.

    Веќе две години средствата се обезбедени, а градската администрација е ингорантна по однос на спроведување на иницијативата. Бидејќи на моите советнички прашања одговор нема, одговорете им на граѓаните каде е проблемот. Можевме да бидеме пример, да бидеме први во Европа. Еднаш, барем еднаш наместо за личен интрес направете нешто за доброто на сите. Поддршката ја имате, средствата се обезбедени, каде е проблемот“, вели Радончиќ.

    Во истражувањето „Менструална правда“, спроведено од Тиииит Инк. и Реактор, се забележува фрапантна бројка дека 43% од ученички отсуствувале од училиште поради менструацијата. Речиси секоја трета учесничка во истражувањето одговорила дека барем еднаш во животот немала пари да купи влошки и импровизирала.

    Освен заканата по здравјето, менструалната сиромаштија сериозно влијае врз квалитетот на образованието и можностите на ученичките да посетуваат училиште. Недостапноста на бесплатни менструални производи, нефункционални тоалети, недостапни сапуни и чиста вода се неретки проблеми кои доведуваат до намалување на стапката на образовани и способни млади жени и девојки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира