ПОДНЕСЕНО ПРВОТО ОБВИНЕНИЕ ЗА НАПАД НА НОВИНАРИ ОТКАКО ПО НОВИОТ ЗАКОН СЕ СМЕТА ЗА НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ

    ПОДНЕСЕНО ПРВОТО ОБВИНЕНИЕ ЗА НАПАД НА НОВИНАРИ ОТКАКО ПО НОВИОТ ЗАКОН СЕ СМЕТА ЗА НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕДосега под напад на службено лице се подразбираше напад на полицијата, а со ланските измени на Кривичниот законик, ист статус добија и новинарите (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, а всушност е напад врз новинари.

    Досега вакво кривично дело јавноста среќаваше само кога се однесуваше на напад на полицајци.

    „Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да вршат службени дејствија, односно да снимаат прилог за сообраќајна несреќа. Тој најпрвин со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето“, соопшти Обвинителството.

    Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик во февруари годинава, со што напади врз новинар  се третира како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите може да добијат затворска казна. Истото важи и за нападите и заканите врз адвокати и здравствени работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира