Композиторот Љупко Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности, соопшти Министерството за култура.
Наградата ќе му биде врачена на 11 Октомври во Собранието.
Љупчо Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.
Композиторот во 2019 ја доби нарадата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата Златен објектив за 2023, која ја доделува Кинотеката на Македонија.
Б. НЕСТОРОСКА