НЕМАШЕ НАЗНАКИ ДЕКА СЕ СПРЕМА НАПАД НА ИЗРАЕЛ, ВЕЛАТ САД, ХАМАС ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕЛ САМО МАЛ БРОЈ ЗАПОВЕДНИЦИ

    НЕМАШЕ НАЗНАКИ ДЕКА СЕ СПРЕМА НАПАД НА ИЗРАЕЛ, ВЕЛАТ САД, ХАМАС ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕЛ САМО МАЛ БРОЈ ЗАПОВЕДНИЦИИзраелски војници собираат тела во комуната Кфар Аза, во која упадна Хамас во саботата (Фото: ЕПА)

    Американските разузнавачи не собрале никакви сигнали дека Хамас подготвува напад на Израел, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен.

    Не видовме ништо повеќе од Израел што би сугерирало дека се спрема напад од таков тип“, кажа Саливен.

    Тој го повтори она што го кажуваа од Белата куќа во изминатите денови дека нема назнаки дека постои директна поврзаност помеѓу Иран и нападот на Хамас.

    Иако Иран игра поширока улога во обезбедувањето поддршка и способности на Хамас, во однос на овој ужасен напад од 7 октомври, моментално немаме таква информација“, кажа Саливен, додавајќи дека најмалку 20 американски државјани се водат како мртви или исчезнати.

    Али Баракех, член на водството на Хамас кое е во егзил во Либан, откри дека само мал број заповедници во Газа знаеле за нападот и дека и најблиските сојузници на групата не биле известени однапред, негирајќи дека добиле помош од Иран.

    Дури и ние сме шокирани од обемот на операцијата и од големиот колапс на израелската одбрана. Нашата главна цел беше да направиме некои придобивки и да земеме заложници за размена на заробеници“, кажа Баракех.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира