НЕБИТНА Е БУГАРИЈА, ВАЖНО Е НИЕ ДА СИ ГИ СЛАВИМЕ ПРАЗНИЦИТЕ И ДА ОСТАНАТ ВО МЕМОРИЈАТА НА МЛАДИТЕ, РЕЧЕ СТЕФАН БОШКОВ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИ ОД БИТОЛА

    НЕБИТНА Е БУГАРИЈА, ВАЖНО Е НИЕ ДА СИ ГИ СЛАВИМЕ ПРАЗНИЦИТЕ И ДА ОСТАНАТ ВО МЕМОРИЈАТА НА МЛАДИТЕ, РЕЧЕ СТЕФАН БОШКОВ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИ ОД БИТОЛАСите десет основни училишта од Битола се вклучија во чествувањето на паднатите борци во НОБ. (Фото: СДК.МК)

    Сојузот на борци од Битола денеска го одбележа Денот на востанието и на борецот, како и 80-годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и баталјоните „Мирче Ацев“ и „Страшо Понџур“ и од загинувањето на борците од Битолско во 1943 година.

    „Не само што партизанските одреди носеле имиња на Илинденците, туку и самите партизани ги употребувале како свои псевдоними. На пример, Јосиф Јосифовски-Свештарот се нарекувал Ѓорче, Трајан Белев – Гоце, ги има многу такви зашто идеалот им бил слободна Македонија како што ја замислувале на времето борците во Илинденското востание. Партизаните се идентификувале со нив и со нивните идеали“, рече Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци од Битола.

    „Пораката е вечно да ги славиме овие историски датуми. Тие да останат во меморијата на младите и децата, тие се нашата иднина и тие понатаму треба да продолжат да ги слават. Годинава, изненадувачки имаше повеќе прослави за 11 Октомври од претходно. Ирелевантна е Бугарија, ние треба да си ги славиме нашите празници – 11 Октомври, а наскоро доаѓа и 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Илинден да си го славиме, ние како Македонци, а Бугарија не ни е битна“, рече Бошков.

    Битолчани одбележаа и осум децении од формирањето на партизанските баталјони „Мирче Ацев“ и „Страшо Пинџур“ кои не носат имиња на битолски партизани, но многу од борците од партизанскиот одред „Даме Груев“ од Битола кој беше јатка на народно-ослободителното движење во Македонија, а не само во битолскиот крај, влегоа во борбениот состав на баталјоните.

    Сите десет основни училишта од Битола со рецитали посветени на паднатите борци во НОБ, песни, литературни творби и танцови точки се вклучија во чествувањето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира