ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА ЗА 110.440 СПОРНИ ГЛАСАЧИ

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА ЗА 110.440 СПОРНИ ГЛАСАЧИ

    Скопје, 20 март, 2016, (MEТA) -Државната изборна комисија (ДИК) синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи.

    Дополнителна административна проверка ќе се направи на 62.837 лица, а потоа, ако има потреба, и оваа група гласачи теренски ќе се проверува.

    Административно ќе се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои, најверојатно, се починати, а за 7.345 дополнително ќе се одлучи што понатаму.

    За 124.027 гласачи кои се на привремена работа или престој во странство, нема да има проверки.

    Седницата траеше неколку часа и помина во бурна атмосфера.

    Претходно Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ, ја напуштија седницата на која едногласно беше изгласан извештајот од вкрстената проверка на која се појавија 310.000 спорни гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира