Над 250 предмети содржи изложбата „Дизни 100“ која се отвори во Лондон, со која се слави 100 години од магичниот свет на Волт Дизни. Поставката со предмети како скици за Мики Маус, стаклените чевлички на Пепелашка, реквизити и костими од „Снежана и седумте џуџиња“, „Книга за џунглата“, „Убавицата и ѕверот“ се изложени во 10-те простории на Ексел центарот во Лондон.
Уште пред отворањето на 13 октомври, веќе беа продадени над 80 илјади влезници. Изложбата ќе трае до 2024.
„Првото филмско искуство на повеќето луѓе е со филм на Дизни, и токму тоа нè поврзува сите нас“, вели аниматорот и режисер Ерик Голдберг. „Овие ликови можат да останат вистинити и универзални со децении“, додаде тој.
Друга верзија од оваа поставка ќе биде отворена во Чикаго следниот месец.