МЛАДА ДОКТОРКА ДОНИРАШЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА ПАЦИЕНТ СО ЛЕУКЕМИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

    МЛАДА ДОКТОРКА ДОНИРАШЕ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА ПАЦИЕНТ СО ЛЕУКЕМИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈАМеџити, д-р Пановска-Ставридис и докторката која денеска донираше матични клетки. (Фото: Министерство за здравство)

    Млада докторка по семејна медицина денеска донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент на Клиниката за хематологија, кој има акутна леукемија, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопшти Министерството за здравство.

    „Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната посета на донорката.

    Директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска-Ставридис кажа дека станува збор за редокот пример, дарителот на матични клетки и пациетот кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

    „Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија“, изјави д-р Пановска-Ставридис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира