Шест аеродроми ширум Франција беа евакуирани денеска откако примиле електронска пошта со закани за напади, полициски извор изјави за агенцијата АФП.
Евакуирани се аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Буве во Париз, за да им се овозможи на властите да ги расчистат сите сомнежи дека заканите можеби се вистински, кажа изворот.
Франција го подигна нивото на безбедносна готовност во петокот откако исламски радикал уби наставник и повреди уште тројца на северот на земјата.