МАЖ ГЛУМЕЛ КУКЛА ВО ИЗЛОГОТ ЗА ДА УКРАДЕ НАКИТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ВАРШАВА

    МАЖ ГЛУМЕЛ КУКЛА ВО ИЗЛОГОТ ЗА ДА УКРАДЕ НАКИТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ВАРШАВАТој е снимен како стои мирно и држи торба во излогот (Фото: Варшавска полиција)

    Дваесет и двегодишен маж е обвинет дека позирал како кукла во излогот на продавница во Варшава за да изврши грабеж на накит по завршувањето на работното време. Тој е снимен како стои мирно и држи торба во излогот на продавницата, чие име не беше објавено.

    Полицијата кажа дека тој „ловел“ на разни оддели на трговскиот центар, пред застане во делот со накит. Истиот маж е обвинет дека украл предмети од друг трговски центар. Обвинет е за провала и грабеж и се соочува со затворска казна до десет години.

    Варшавската полиција кажа дека вработените и купувачите не забележале ништо невообичаено додека тој стоел во излогот, каде што се измешал меѓу другите кукли.

    „Тој стоел таму додека не почувствувал дека е безбедно да излезе, по што шетал низ повеќе оддели, пред да украде накит. Во еден момент бил забележан од обезбедувањето“, соопшти полицијата.

    Полицијата објави снимка од неговото апсење, по што му е одреден тримесечен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира