БРОЈОТ НА БЕГАЛЦИ КОИ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА ДОСТИГНА РЕКОРДНО НИВО

    БРОЈОТ НА БЕГАЛЦИ КОИ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА ДОСТИГНА РЕКОРДНО НИВОМинатиот месец, сојузната полиција во Германија регистрираше 21.366 бегалци кои влегле во земјата неовластено, што е двапати повеќе од јули. (Фото: ДПА)

    Бројот на бегалци кои ја поминуваат германската граница без дозвола се очекува да биде најголем досега од мигрантската криза во 2016 година, според официјалните податоци објавени вчера.

    Минатиот месец, сојузната полиција во Германија регистрираше 21.366 бегалци кои влегле во земјата неовластено, што е двапати повеќе од јули, кога бројката беше 10.714. Ова е најголема бројка за еден месец од февруари 2016 година кога 24.650 луѓе беа регистрирани. Таа година, поради бегалската криза предзивикана од војната во Сирија, речиси 112.000 луѓе дојдоа во Германија без дозвола.

    Оваа година бројката се очекува да биде уште поголема, со 92.119 случаи од јануари до септември.

    Темата станува сè поконтроверзна изминативе месеци додека германската влада прави нова стратегија за справување со мигрантите.

    „Конечно мораме во големи размери да ги депортираме оние кои немаат право на престој во Германија“, кажа канцеларот Олаф Шолц во интервју за магазинот „Дер Шпигел“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира