АЛ КАЕДА И ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГИ ПОВИКАА СВОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ ДА НАПАЃААТ ЕВРЕЈСКИ И АМЕРИКАНСКИ ЦЕЛИ

    АЛ КАЕДА И ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГИ ПОВИКАА СВОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ ДА НАПАЃААТ ЕВРЕЈСКИ И АМЕРИКАНСКИ ЦЕЛИИзраелски војник стои покрај изгорен автомобил на местото на фестивалот Супернова на југот на Израел каде што во напад на Хамас на 7 октомври загинаа над 260 луѓе и стотина беа киднапирани. (Фото: ДПА)

    Ал Каеда и Исламска држава (ИС) ги повикаа своите следбеници да напаѓаат израелски, американски и еврејски цели, подигнувајќи го нивото на закана од терористички напади во Блиски Исток и Западот.

    Преку серија соопштенија и изјави изминативе две недели, неколку подружници на Ал Каеда му честитаа на Хамас за „инвазијата на Израел“, мислејќи на терористичките напади од 7 октомври кога загинаа над 1.400 луѓе во Израел, главно цивили.

    Израелскиот воен одговор на нападот на Хамас предизвика хуманитарна криза во Газа и предизвика гнев ширум исламскиот свет. Тоа, според експертите, им одговара на екстремистичките групи.

    Ал Шабаб, подружница на Ал Каеда во Сомалија, вели дека конфликтот во Блиски Исток не е само борба на исламските факции од Палестина, туку борба на целата исламска заедница.

    Други подружници на Ал Каеда, од индискиот потконтинент, Јемен и Сирија, издадоа слични соопштенија.

    Ваквите повици на насилство дополнително ги зголемуваат грижите меѓу западните функционери. Минатата недела, шефовите на МИ5 и ФБИ кажаа дека еврејските заедници, но и други групи се соочуваат со опасност од индивидуи кои делуваат самостојно. Дури и пред војната во Газа, европските власти предупредуваа за пораст на исламскиот тероризам на континентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира