Израел вели дека погодил уште 320 цели во Газа, додека палестинските власти кажаа дека се погодени домови на луѓе без предупредување.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека операцијата може да потрае „еден месец, два месеца, три месеца… и на крајот Хамас веќе нема да постои“.
Тој навести и копнен напад, но додаде дека пред Хамас да се соочи со израелските тенкови и пешадија, ќе се запознае со гранати од израелското воздухопловство.
Израелската војска, пак, соопшти дека еден војник загинал при напад внатре во Газа.
Вчера во Газа пристигнаа уште 14 камиони со хуманитарна помош, но од Обединетите нации предупредуваат дека е потребно многу, многу повеќе.