ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ТЕТОВО СО ПРОТЕСТЕН МАРШ НИЗ УЛИЦИТЕ ПОБАРАА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИ

    ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ТЕТОВО СО ПРОТЕСТЕН МАРШ НИЗ УЛИЦИТЕ ПОБАРАА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИПензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. (Фото: СДК.МК)

    Пензионерите од Тетово и овој вторник се собраа пред тетовскиот „Монопол“, го блокираа влезот во градот од правец на Скопје и ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. За разлика од изминатите протести, овојпат пензионерите организираа и протестен марш кој се одвиваше по дел од главниот булевар Маршал Тито.

    „Дојдов во Тетово на протестот и на блокадите на улиците за да им дадам поддршка на тетовските пензионери и да покажеме дека нема да отстапиме од нашите барања. Кај протестите во Тетово е добро и е карактеристично тоа што протестираат пензионери од сите националности и ова е доказ дека овде нема никаква политика. Нашите барање се пензионерите да имаат подостоинствен живот каков што заслужуваат. Министерката  Јованка Тренчевска нема слух за нашите барања и таа работна група сè уште не е излезена да каже какви пакет мерки ќе се преземат. Ние баравме да бидеме вклучени со два челна од нашиот Иницијативен одбор во работата на работната група, но тоа не ни го дозволија и се сè работи зад затворени врати“, изјави Драган Угриновски, претседател на иницијативниот одбор на „Пензионери за достоен живот“, кој дојде во Тетово да им даде поддршка на тетовските пензионери.

    Блокадата на главниот булевар во Тетово и протесниот марш траеја околу половина час.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира